На 26.09.2022 во 00.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода С.С.(20) од с.Туралево, кратовско. На 25.09.2022 во 17.45 часoт на регионалниот пат Р-1105, во правец на крстосница Богданци – с.Фурка, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го забележале С.С. како со возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки, превезува лица мигранти.

Полициските службеници успеале да го стигнат, по што тој и неколку мигранти побегнале од местото, а во возилото биле пронајдени три лица мигранти од Сирија. Увид на местото извршиле инспектори од Одделението за прекуграничен криминал Гевгелија и екипа од Полициската станица Гевгелија. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, возачот бил пронајден и приведен во полициска станица.

Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.