Денеска (25.11.2022) во 15.30 часот на ул.”Втора македонска бригада” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(53) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.