На 04.02.2022 во 17:30 часот од страна на инспектори од ЕВР Гази Баба-Отсек потраги, во Скопје на ул. Лазар Пoп Трајков e лишен од слобода А.Ш. ((21) од Скопје, кој бил баран со централна потерница од Основен суд Скопје, за кривично дело од чл.236 ст.1 т1 вв чл.22 од КЗ, за издржување казна затвор од шест месеци. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.