На 19.10.2022 во 17.45 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Х.(36) од Скопје.

Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено до Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.