На 03.02.2022 во 18.50 часот на ул.„Индира Ганди“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(25) од Скопје. Тој се барал по потерница од Основен кривичен суд за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.