На 11.12.2022 околу 12.30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.М.(21) од тетовско Ново Село.

Тој се сомничи дека претходно извршил кражба, при што одзел мотоцикл сопственост на Н.К.(23) од тетовско Ларце. Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.