На 19.05.2023 во 21.55 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.А.(41) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 19.15 часот на ул.„Грнчаревска“ од возило на А.С.(30) од Скопје одзел чанта со пари и лични документи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.