На 09.02.2022 во Полициската станица Аеродром, по преземени мерки и активности, бил повикан С.Н.(24) од Скопје, поради сомнение дека се обидел да изврши кражба во продажен објект во трговски центар во Скопје. Во службен разговор со полициски службеници тој го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.