На 26.05.2023 во 13.00 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение на сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин. Имено, околу 11.00 часот на ул.“Бојмија“ пријавениот од 61- годишна скопјанка одзел златен ланец што го носела. Со него бил извршен службен разговор во кој истиот го признал кривичното дело, а исто така било извршено препознавање од страна на оштетената. Известен бил Јавен обвинител.

По преземени мерки и извршени проверки констатирано било дека пријавениот златниот ланец го заложил во заложна куќа на подрачјето на Аеродром, по што ланецот бил одземен и вратен на оштетената. Од страна на Судија на претходна постапка на Н.Н. одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.