Денеска (29.03.2022) во 12.20 часот на ул.„Михаил и Ефтихиј” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(29) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.