На 25.07.2022 во 14.10 часот на улица „Моша Пијаде“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З. (42) од Куманово.

Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот. А.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.