На 27.10.2021 во 19.50 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Р.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 20.09.2021 од куќа на Б.Р. на ул.„Средорек“ во Куманово одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени кај друго лице, на кое му ги продал, и ќе бидат вратени на сопственикот. Е.Р бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.