По преземени мерки и активности од полициски службеници на СВР Штип, во полициска станица бил повикан Е.М.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „кражба“ во основно училиште во Штип и дека извршил кривично дело „тешка кражба“ од куќа на ул.„Широк дол“ во Штип. Oдземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случаите против Е.М. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.