Денеска (27.06.2022) во 08.10 часот на ул.„Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.И.Д.(35) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување казна затвор од четири години и осум месеци, а осуден со повеќе пресуди на единствена казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик.
Л
ицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.