На 01.12.2022 во 02.45часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.А.(21) од Велес. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба од двор на ул.„Пајак Планина“, сопственост на А.А.(55) од Велес, при што одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.