На 21.10.2021 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ќ.(23) од Скопје, фатен по извршено кривично дело „кражба“. А.Ќ. го извршил делото околу 16.55 часот на скопскиот Камен мост, при што од оштетениот О.К.(30) одзел пари.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.