На 06.09.2022 во 03.05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(34) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно со употреба на физичка сила и подесен алат влегол во куќа во Охрид и одзел пари, накит и други вредни предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.