На 09.05.2022 година во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.В. (40) од Куманово.

Тој се сомничи дека претходниот ден извршил кражба во станбен објект на улицата „Народна револуција“.

И.В. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.