На 14.11.2022 во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Е.М.(48) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 03.11.2022 од товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Д.Д.(50) од Кавадарци, одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било приведено во Полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.