На 17.04.2022 околу 16.00 часот, на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ш.Ф.(30) од гостиварско Чегране. Тој се сомничи дека во текот на минатата и оваа година извршил десетина кражби и тешки кражби во Гостивар.

Кај него се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнувале од овие кражби, кои ќе бидат вратени на сопствениците. Ш.Ф. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.