Синоќа полицијата привела 24-годишен битолчанец, осомничен за кражба на повеќе предмети од куќа во Битола.

Според информациите од полицијата, Г.И.(24) од Битола се сомничи дека ноќта помеѓу 25 и 26.03.2022 со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Девеани“, сопственост на А.О.(35) од Битола и одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.