На 13.03.2022 полициски службеници од Полициската станица од Велес го лишиле од слобода А.С.(29) од Гостивар, со престој во Велес. Тој се барал по распишана Централна потерница од ОВР Гостивар, на барање на Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор.

Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.