На 07.12.2021 во 20.30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле З.С.(46) од с.Чегране, гостиварско. Тој бил баран со судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.