На 23.01.2022 во 02,40 часот пред ноќен клуб во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен Б.Т (24) од Скопје кај кого е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и една дробилка со марихуана. Против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по документирање на случајот.