На 31.03.2022 во 18.05 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 41-годишниот тетовец Б.Л.. Тој бил осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Б.Л. бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.