На 11.01.2022 во 19.50 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.Ј.(24) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.