Денеска (29.07.2022) во 10.15 часот на улица „Марко Орешковиќ“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(47) од Скопје. Тој бил баран со потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.