На 26.04.2022 во 21.10 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.