На 28.06.2022 во 20.45 часот на ул.„Фуштанска” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(40) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради бегство од затворот.

Лицето било предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.