Авионoт на полскиот претседател Анджеј Дуда, кој се упатил кон Жешов, каде што тој треба да се сретне со американскиот колега Џо Бајден, се вратил во Варшава и принудно слетал, но претседателот не бил во животна опасност, соопшти неговиот кабинет.

Најавено е дека состанокот со Бајден малку ќе доцни. Бајден веќе слета во полскиот град, кој се наоѓа на 70-ина километри од границата.

Полските медиуми наведуваат дека авионот на претседателот морал да се врати на аеродромот во Варшава веднаш по полетувањето поради технички проблеми, пишува Би-би-си.