Граѓани денеска оставиле принтери пред бараките на Град Скопје.

Од објавените фотографии се гледаат принтери во непосредна близина на Град Скопје проследени со пораки ,,Донација за менаџерката” и ,,Плаќам данок и донирам принтер”.

Оваа акција доаѓа откако вчера Град Скопје остана без принтери затоа што средствата за изнајмување од договорот со компанијата завршил, а во меѓувреме не е потпишан нов.