Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 7.6.2023 година во 14 часот и 26 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 280 km источно од Скопје, Република Бугарија и е со Рихтерова локална магнитуда ML4.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во источниот дел на Републиката, и тоа од населението во подрачјето на Пехчево и Берово, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.