Претседателот Стево Пендаровски по повод 81 годишнината од холокаустот на македонските Евреи, вчеравечер се обрати на комеморацијата што се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

На комеморацијата беше прикажан филмот „Монопол“ од Гал Геносар, снимен според вистинска приказна за едно македонско еврејско семејство, а свои обраќање имаа и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, амбасадорката на Државата Израел, Симона Франкел и германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.