На 14.03.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода В.М.(29) и М.А.(42) од Кавадарци. При претрес во домот на В.М., извршен со судска наредба, во кој бил и М.А., кај М.А. биле пронајдени и одземени хероин, марихуана и вага.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.