На 01.09.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Е.(61) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден рачно изработен пиштол со две цевки и 16 куршуми.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.