На 20.04.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Ш.С.(29) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.