Денеска (29.03.2022) во 00.45 и 01.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.С.(26) и К.Ч.(36), двајцата од Скопје.
При претрес во домот на Ф.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и дигитална вага. Додека, при преглед на патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал К.Ч., била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.