На 15.06.2022 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.В.(22) од с.Тромеѓа, кумановско и Д.Ј.(19) од Куманово.

При претрес во домот на Н.В., извршен со судска наредба, двајцата биле затекнати како пакуваат марихуана во мали ќесиња за продажба. Притоа, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана, таблети екстази, амфетамин, кокаин, хероин, пари, две дигитални ваги, празни најлонски опаковки и фолии за пакување, нотес со клиенти, неколку прачки експлозив и неколку детонатори, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.