На 19.12.2022 во 16.55 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Н.Ш.(28) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле бела прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.