На 20.07.2022 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Р.(32) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела кражби и тешки кражби извршени на подрачјето на ОВР Кавадарци и ОВР Неготино.

Тој бил приведeн во Полицискaта станица во Кавадарци и по целосно документирање на случјаот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.