На 24.03.2022 во 22.40 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Ш.Ш.(46) од с.Чегране. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 22 пакувања кокаин и пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори“.