Утрово со почеток во 10:00 часот, во Медија центарот на Владата, заедничка прес-конференција ќе одржат заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши.

На прес-конференцијата вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши ќе ги презентираат исплатите за државна помош за 2022 година по основ на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.