На подрачјето на СВР Скопје вчера бил констатиран еден прекршок по член 104 од Законот за шуми, односно едно лице превезувало дрва маса без потребните документи.

Денеска (04.12.2022), во периодот од 04.00 до 08.00 часот, на подрачјето на СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Тетово, СВР Охрид, СВР Велес, СВР Битола и СВР Штип била спроведена акциска контрола на подрачјата и локациите каде се врши лов.

При контролата, на подрачјето на СВР Штип полициските службеници од М.С.(47) од Штип одзеле ловечка пушка „Бровинг“ калибар 30-06, затоа што бројот на пушката не се совпаѓа со бројот на дозволата.

При контролата биле констатирани и прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.