Премиерот Заев за реформите во правосудството: Извештаите од ЕУ нотираат видливи успеси во владеењето на правото, судиите да се охрабрат уште повеќе да носат одлуки согласно Устав и закон, без влијанија од кого било
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев за реформите во правосудството: Извештаите од ЕУ нотираат видливи успеси во владеењето на правото, судиите да се охрабрат уште повеќе да носат одлуки согласно Устав и закон, без влијанија од кого било

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот изрази задоволство од извештаите од Европската унија коишто нотираат видливи успеси во владеењето на правото и во спроведувањето на правото еднакво за сите. Тој констатираше дека тоа е сигнал за да се работи уште повеќе во тој правец, за да може да расте уште повеќе довербата на граѓаните во правосудството, да може уште повеќе да се охрабрат делителите на правдата, судиите, истражителите, обвинителите – да носат одлуки согласно Устав, закон, сопствено убедување, без какво било влијание од кого било, да ја делат правдата, но истовремено да ја штитат и правичноста, давајќи им на граѓаните можност до крај да ги искористат сите правни алатки и инструменти што им стојат на располагање.

„Изминатиот период сме сведоци дека е засилена ефикасноста, редовноста и одржувањето на рочиштата со засилен интензитет. Само во 2020 година најголемиот суд, Кривичнот суд Скопје 1 има 1.500 предмети повеќе, кога е корона-време, во споредба со 2019 година. Сето тоа го прави транспарентноста, гласноста на граѓаните, контролата на Судскиот совет во судството. Убеден сум дека ќе продолжиме заедно уште повеќе да ја градиме довербата во правосудството. Политичарите треба да ги тргнат своите раце далеку од правосудството. Судиите се должни да носат одлуки согласно Устав, закон и сопствено убедување. Секогаш постои второстепеност, Врховен суд, па и Стразбур, но дефинитивно делењето на правдата е нешто што го очекуваат граѓаните да биде еднакво за сите. Никој не е виновен додека не се докаже вина, секој мора да одговара доколку доказите тоа го потврдуваат. Само на тој начин можеме да зборуваме за европска вредност. Задоволен сум од досегашните реформи, но уште многу треба да работиме сите заедно, согласно својата одговорност: судии, обвинители, извршители, стручни соработници, како што очекувам личната одговорност од премиерот, министрите, замениците министри, јавната администрација и сите други, прво да работиме, тие осум часа дневно коишто ги имаме како обврска – поголемиот дел да го сработиме, верувам дека ќе имаме поефикасна земја којашто ќе им служи на граѓаните“, рече премиерот Заев.

Тој порача дека „владеењето на правото и довербата во правниот систем значи економија, значи економски стандард, значи повеќе инвестиции, тоа е еден од главните постулати да се биде членка на НАТО, но и првото поглавје што се отвора при членство во ЕУ и последното што се затвора, па денес е и сериозна тема помеѓу земјите членки на ЕУ“, поради што во изминатиот период се подготвени повеќе системски закони од Министерството за правда.

Тоа, како што посочи премиерот Заев, се Законот за судови и Законот за Судскиот совет, за коишто имаше позитивни оценки од Венецијанската комисија; дека Законот за Јавното обвинителство е најзначајниот закон со којшто се овозможи продолжување на сите постапки започнати од СЈО и се продолжија сите случаи против организиран криминал и корупција, што е и барање на Европската унија; дека е значаен и новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, со којшто се формираше нова комисија на отворен и транспарентен начин, а се овозможи неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата, со многу отворени истраги за носителите на јавни функции; дека се донесе и новиот Закон за бесплатна правна помош, со којшто се зголеми пристапот до правда и се овозможи правна помош за најранливите категории на граѓани; судските такси се намалија за осум пати, а се намалија и трошоците кон извршителите и нотарите; како и дека според предвиденото, во наредните месеци ќе се изврши целосна дигитализација на 34 судови и 187 судници, со што се решава и едно горливо прашање, како што е доставата.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Гореа две возила во подземна гаража под зграда во Тафталиџе – Ова се првичните информации

Како што дознава Centar.mk, утрово во 06.57 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во подземна гаража на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар при што биле опожарени патничко возило „форд фокус“ и патничко возило „мазда“, двете со скопски регистарски ознаки. Според сознанија на Centar.mk, пожарот е изгаснат од... Прочитај повеќе...

Занаети кои исчезнуваат – Улицата на јорганите во скопската чаршија остана со само два дуќани

Останаа само двајца јорганџии, на улицата на јорганџиите во старата скопска чаршија. Еден од нив е Нусрет Агуши, кој со овој занает се занимава уште од детството. Педесетгодишниот Агуши занаетот го добил од својот уста (мајстор), од кого го добил и дуќанот во кој рачно шие традиционални јоргани. Тој за... Прочитај повеќе...

Трите години во НАТО ги разбија сите сомневања за безбедноста, општествена кохезија и просперитетот

Зоран БОЈАРОВСКИ После три години од членството во НАТО, Северна Македонија може да потврди дека исполнувањето на едната од двете врвни стратешки определби за меѓународно позиционирање на државата во заедницата на прогресивните западни демократии – членството во НАТО, ги исполни сите очекувања и ги оправдува сите заложби аргументирано и рационално... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Маркоска: Усвоен ребалансот, следуваат повисоки, плати, пензии и нови антикризни мерки

В+

Финансиските регулатори потпишаа Меморандум за соработка во финтек-областа: Градиме систем за поддршка на развојот на финтек-секторот

В+

Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена

В+

Маричиќ: Со Законот за клевета го штитиме угледот на граѓаните, но новинарите не смее да плаќаат драконски казни

В+

Грковска: Системскиот пристап во справувањето со перењето пари и финансирањето тероризам дава резултати

Vesti +

Ковачевски: Инвестициите и новите работни места се резултат на храбрите и мудри одлуки

Vesti +