„Одлуките кои што јас ги носев, тие мачни одлуки за кои што ви зборував, тие одлуки ги носев за идните генерации. А идните генерации на оваа држава се токму тие студенти што седат кои што сега седат во клупите на сите универзитети во државата“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата и ручекот во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Тој рече дека додека е претседател на Владата, гласот на студентите ќе се слуша и тие ќе бидат дел од процесот.

„Бидејќи студентите секогаш имаат право да ги кажат своите ставови, конструктивно а ние треба да сме тука да ги слушаме тие ставови – да разговараме и да преземаме мерки за подобрување на нивниот стандард“ рече Ковачевски.

Премиерот повтори дека никој нема да биде оставен сам во кризата, но и во визијата за иднината, а тоа се гледа од политиките и мерките.