Денеска, 12.01.2023 година (четврток) во 13:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе има работна посета во Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“.

При посетата на РЕК Битола, покрај премиерот Ковачевски ќе бидат присутни министерот за економија, Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски.

Во рамки на посетата на РЕК Битола, премиерот Ковачевски, министерот Бектеши, директорите Ковачевски и Матевски ќе имаат изјава за медиуми.