Денеска, 5 септември 2022 година (понеделник) премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, со директорот на ЕСМ Васко Ковачевски како и со претставници од ресорите економија и енергетика, е во работна посета на Бугарија, со цел справување со последиците од светската енергетска криза.

Во рамки на еднодневната посета предвидено е премиерот Ковачевски да се сретне со премиерот на Бугарија Галаб Донев, по што ќе следат работни состаноци и заедничка прес-конференција.

Прес-конференцијата е предвидена во 14:45 часот.

За време на работната посета на Бугарија, денеска премиерот Ковачевски ќе се сретне и со претседателот на Бугарија Румен Радев.