Ве известуваме дека на 21.11.2022 година (понеделник) премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати и ќе учествува на настан по повод Светскиот ден на детето под мотото: „Кога се работи за детските права, сите сме еден тим“ во организација на Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На настанот свои обраќања ќе имаат и Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ и Дени Масев, директор на ФФМ, по што ќе се одржи пријателски натпревар.