Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

Блокот 1 на РЕК Битола е вратен на мрежа и продолжува со производство на струја. Благодарност до екипите на ЕСМ и РЕК Битола кои во најкус рок ги санираа пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката, што овозможи блокот да се вклучи 24 часа порано од предвидениот рок.

Производството и снабдувањето со струја од АД ЕСМ е стабилно. Продолжуваме со транспарентно информирање на јавноста за енергетската состојба во државата и навремени одлуки за непречено снабдување со електрична енергија.