Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска ќе се сретне со државната секретарка за Европа на Француската Република, Лоранс Бун.

По состанокот, во Медија центарот на Владата со почеток во 10:35 часот, премиерот Ковачевски и државната секретарка за Европа на Француската Република Лоранс Бун ќе одржат заедничка прес-конференција.